7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туск: Русија е стратешки проблем, а не партнер

Претседателот на Европскиот совет во заминување, Доналд Туск, рече дека ги уверил водачите на ЕУ оти Русија е стратешки проблем, а не стратешки партнер.

„Морав постојано, скоро секоја недела, да ги потсетувам другите дека Русија не е наш стратешки партнер, туку стратешки проблем. Јас дури бев етикетиран како мономан, бидејќи бев толку фокусиран на оваа тема“, изјави Туск во говор на Универзитетот во Бриж.

Според него, целта му била да се одржи европското единство, за кое агресивната политика на Кремљ била главен предизвик.

„Бев и сè уште сум убеден дека оваа игра не се однесува само на иднината на независноста на Украина и безбедноста на централна Европа, туку и суверенитетот на Европа како политички субјект. И воопшто не се сомневам дека стратешката цел на Владимир Путин не е само да ја врати контролата врз териториите на СССР, туку и систематски да ја ослабне ЕУ со создавање на внатрешни поделби“, рече Туск.

Тој додаде дека неговите напори на крајот се исплателе бидејќи единството на ЕУ се зајакнува преку санкциите кон Русија./Makfax

Спонзорирано: