3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија забранува убијци и силувачи да возат такси и градски превоз

Руското Министерство за транспорт воведе закон со кој се забранува насилници, убијци, силувачи и други опасни осудувани криминалци да работат како таксисти и возачи на јавен превоз.

Законот е развиен во име на рускиот претседател Владимир Путин, а иницијативата му припаѓа на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пренесува српски „Телеграф“.

Пратениците го поддржаа законот, пишува руски „Комерсант“.

Според документот, на правните лица им е забрането да ангажираат возачи на автобуси, тролејбуси и трамваи да бидат таксисти лица што се осудени со обвинение за убиство, тортура, силување, намерно нанесување тешки телесни повреди, терористички напад и организирање тероризам.

Правилото нема да се однесува на оние што се на условна казна.

Во рок од 120 дена од усвојувањето на законот работниците ќе треба да им достават полициско досие на своите претпоставени. Во отсуство на соодветна документација, компанијата има право да го отпушти работникот./Makfax

Спонзорирано: