11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Москва ја призна Жанин Ањез за привремен претседател на Боливија

Москва ја признава Жанин Ањез за привремен претседател на Боливија, но Москва ја загрижува фактот дека немало кворум при гласањето за неа во парламентот, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

„Забележавме дека во моментот на именување на таа должност на Ањез немало кворум, затоа тука гледаме определени моменти, кои, се разбира, ќе ги земеме предвид. Меѓутоа, јасно е дека токму таа ќе биде прифатена како лидер на Боливија во периодот до решавањето на прашањето за новиот претседател по пат на избори, а тоа е внатрешна работа на Боливија“, изјави Рјабков.

На изборите одржани на 20 октомври Моралес победи во првиот круг, но неговиот главен конкурент, Карлос Меса, не ги призна резултатите од гласањето.

Во неделата вооружените сили на Боливија го повикаа Моралес да ја напушти функцијата за да се осигури стабилност во земјата. Целото високо раководство поднесе оставка, власта ја презеде опозициската потпретседателка на Сенатот, Жанин Ањез, а Моралес ја напушти земјата и доби политички азил во Мексико./Makfax

Спонзорирано: