23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Крвави протести во Ирак, најмалку четворица мртви и над 60 повредени

Најмалку четири лица се убиени, а 62 повредени во судирите меѓу демонстрантите и ирачките безбедносни сили во Багдад.

Неименувани официјални лица изјавија дека судирите избувнале во близина на Централниот плоштад Тахрир, каде што протестите се одржуваат веќе неколку недели, пренесува агенцијата АП.

Протестите се одржуваат главно во Багдад и во претежно шиитските јужни провинции.

Најмалку 320 луѓе се убиени, а илјадници се повредени во немирите од 1 октомври кога почнаа демонстрациите.

Демонстрантите протестираат против распространетата корупција, малите можности за вработување и лошите јавни услуги вклучувајќи ги и прекините на електрична енергија.

Тие ги повикаа граѓаните да се вратат на улиците во голем број./Makfax

Спонзорирано: