3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган разочаран од одлуката на САД да го признае геноцидот врз Ерменците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја е „длабоко повредена“ со резолуцијата на Претставничкиот дом на Соединетите Држави, која масакрите врз Ерменците извршени од Турците пред повеќе од 100 години ги призна како геноцид.

Овој потег беше јасен приговор за Турција поради нејзината инвазија во северна Сирија.

Ердоган на прес-конференција во Белата куќа рече дека мерката потенцијално може да фрли длабока сенка на нивните билатерални односи.

Историчарите проценуваат дека до 1,5 милиони Ерменци биле убиени меѓу 1915 и 1917 година, а многу научници сметаат дека тоа е прв геноцид во 20 век. Турција ја оспорува таа дефиниција.

Ердоган рече дека носителите на одлуките за настанот пред 104 години треба да бидат историчари, а не политичари./Makfax

Спонзорирано: