20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шестмина повредени во самоубиствен напад во Индонезија

Шест лица се повредени во напад на бомбаш-самоубиец пред полициска станица во градот Медан, Индонезија.

Портпаролот на Националната полиција Деди Прасејо рече дека напаѓачот загинал, а четворица полицајци и двајца цивили се повредени на паркингот пред станицата.

Индонезиската антитерористичка единица „Денсус 88“ испитува дали станува збор за осамен случај или напаѓачот е поврзан со радикална група како „Џамах Аншарут“, која се огледа на Исламска држава и честопати напаѓа низ целата земја.

Мотивот за нападот е непознат, но во Индонезија, најнаселената муслиманска земја, бројот на напади на милитантни бунтовници врз полицијата е зголемен во последните години./Makfax

Спонзорирано: