11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Рекордно ниски температури во САД за овој период од годината, минус 14 степени во Чикаго

Арктичката воздушна воздушна маса донесе рекордно ниски температури за овој период од годината во некои делови на САД, со многу снег и мраз.

Температурни рекорди се поставени во државите меѓу кои се Канзас и Илиноис. Прогнозерите велат дека во текот на оваа недела може да се достигнат или соборат стотици рекорди.

Четири сообраќајни несреќи би можеле да бидат поврзани со лошите временски услови. Откажани се повеќе од 1.000 летови, а училиштата се затворени во некои места.

Националната метеоролошка служба соопшти дека студената воздушна маса продолжува да се шири кон источниот брег.

Неколку градови во Канзас вчера забележаа рекордно ниски температури, а Чикаго исто така забележа рекордни минус 14 степени./Makfax

Спонзорирано: