10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Екс-шефот на венецуелското разузнавање исчезна во Шпанија пред екстрадицијата во САД

Шпанската полиција трага по поранешниот началник на разузнавачката служба во Венецуела, генералот Уго Армандо Карвахал, кој исчезна во петокот откако судот донесе одлука да го екстрадира во САД.

Коментирајќи за исчезнувањето, адвокатот на Карвајал, Марија Долорес, рече дека таа не знае каде се наоѓа нејзиниот клиент, додавајќи дека тој не бил информиран за налогот за апсење.

Во петокот, Кривичната комора на Шпанскиот национален суд донесе одлука да го екстрадира Карвахал, откако третиот оддел на истиот суд го одби барањето за екстрадиција на 16 септември. САД претходно побараа од Шпанија да го екстрадира Карвахал тврдејќи дека тој, наводно, соработувал со Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) за да прошверцува кокаин во САД. Според обвинителниот акт поднесен во Њујорк, Карвахал беше обвинет за шверц на повеќе од 5,6 тони кокаин во Колумбија, подоцна наменет за САД.

Во своето барање за екстрадиција во Шпанија, САД тврдеа дека Карвахал, кој работел како началник на разузнавачката служба и со починатиот претседател на Венецуела, Уго Чавез и со актуелниот претседател, Николас Мадуро, имал намера да ги „поплави“ САД со кокаин, соработувајќи со колумбиските герилски сили./Makfax

Спонзорирано: