12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По посетата на САД, Ердоган би сакал да разговара со Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека би сакал да разговара на телефон со рускиот претседател Владимир Путин по дводневната посета на САД.

„Ниту Русија ниту САД не успеаја во утврдениот рок да ги исчистат териториите на терористичките организации во североисточна Сирија. За ова прашање ќе разговараме со претседателот Доналд Трамп. На враќање би сакал да имам телефонски разговор со Путин“, им рече Ердоган на новинарите пред посетата на Соединетите Држави.

Ердоган истакна дека САД не ги исполниле сите постигнати договори за создавање безбедносна зона во Сирија и додаде дека курдските единици не се повлекле од сириските градови Манбиџ, Тел Рифат, Тел Абјад и Камисли, што смета дека е кршење на договорот со САД и Русија./Makfax

Спонзорирано: