11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лажен организатор на семинари за стрелаштво и летање со параглајдер измамил три лица

Лажен организатор на семинари за стрелаштво и летање со параглајдер измамил три лица за пари за наводна набавка на разна опрема и материјали за одржување на семинарите.

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против Ќ. С. (31) од Скопје и други лица поради постоење основи на сомнение дека извршиле три кривични дела измама, при што стекнале противправна имотна корист.

„Во периодот од 3.11 до 5.11.2019 година, едно лице, претставувајќи се како организатор на семинари за стрелаштво, летање со параглајдер и алтернативен туризам во хотели во Берово и Маврово, од три лица телефонски побарал пари на заем за набавка на разна опрема и материјали за одржување на семинарите. Парите ги зел преку Ќ. С. на разни локации на територијата на град Скопје.

На 5.11.2019 полициски службеници го привеле и Ќ. С., а било извршено и негово препознавање од страна на оштетените./Makfax

Спонзорирано: