Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава и да ги испрати назад во Европа.

„Треба да го ревидирате својот став кон Турција, која држи толку многу членови на ИД во затворите и ги контролира во Сирија“ порача Ердоган во пресрет на посетата на САД.

Тој исто така регираше и на најновите санкции што ЕУ ги најави кон Турција поради Кипар и додаде дека Турција ќе продолжи да ги враќа старите терористи од ИД во своите матични земји, дури и ако тие одбиваат да се вратат.

ЕУ вчера го претстави системот по кој ќе се воведуваат санкциите кон Турција, поради тоа што незаконски објавила бушење во водите на Средоземното море кај Кипар, поради експлоатација на гас./Makfax

Во тренд…