23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Под притисок на вооружените сили, боливискиот претседател поднесе оставка

Боливискиот претседател Ево Моралес на прес-конференција соопшти дека поднесува оставка за „доброто на земјата“ , откако командантот на вооружените сили тоа го побара од него.Моралес повика на итни разговори со опозицијата заради повеќенеделните немири кои ја потресуваат оваа земја.

Најавата за демисија од функцијата доаѓа откако командантот на боливиските вооружени сили Вилијамс Калиман апелираше до Моралес да ја напушти функцијата за да се обезбеди мир во земјата. Вооружените сили на Боливија претходно соопштија дека наредиле воздушни и копнени операции за „неутрализација“ на вооружените групи кои делуваат надвор од законот.

Организацијата на американски држави (ОАС) соопшти дека со ревизија е утврдено дека имало неправилности на изборите одржани на 20 окотмври, на кои Моралес го освои четвртиот мандат.
Моралес најави дека ќе распише нови избори, бидејќи по неговата победа земјата западнала во криза./Makfax

Спонзорирано: