21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Неколку земји го осудија пучот против Моралес, Мексико му нуди и азил

Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес. Мадуро го осуди пучот против својот сојузник Моралес, откако војската побара, а тој се согласи, да се повлече од функцијата за доброто на земјата.

„Категорички го осудуваме пучот против нашиот братски претседател“, напиша Мадуро на Твитер.

Мадуро, чиј претходник Хуго Чавез повремено беше ментор на Моралес, ги повика сојузниците ширум светот да се мобилизираат, за да се заштити првиот боливиски претседател од редовите на автохтоните народи.

И мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард изјави дека неговата земја не ја прифаќа воената операција што се случи во Боливија. „Не го прифаќаме тоа, тоа е слично на трагедиите кои ја закрвавија нашата Јужна Америка во минатиот век. Мексико ќе остане при својот став да се почитуваат демократијата и институциите”,напиша Ебрард на Твитер.
Мексико најави дека ќе му понуди Азил на Моралес, доколку тој го побара тоа.

Перу повика на „обнова на мирната состојба во Боливија”. Владата во Перу повика на транспарентни избори со помош на Организацијата на американски држави./Makfax

Спонзорирано: