Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Циклон ги погоди Индија и Бангладеш, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа во циклонот Булбул, кој ноќеска ги ги погоди крајбрежните области во источна Индија и јужен Бангладеш. Поради невремето, стотици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Циклонот најпрво ја погоди Сундарбанс, најголемата шума во светот, меѓу Индија и Бангладеш на брегот на Бенгалскиот залив, со обилни дождови и ветрови со брзина од 120 километри на час.

Во Индија загина маж, кога на него паднало дрво во Колкати, во индиската држава Западен Бенгал. Во соседната држава Одиши, загинало друго лице, кога се урнал ѕид.

Во Бангладеш, невремето усмрти еден човек, кога дрво паднало на неговата куќа./Makfax