7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Штајнмајер: САД да се откажат од националниот егоизам

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во својот говор на одбележувањето на 30 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, ги повика САД да бидат взаемно почитуван партнер и да го отфрлат национализмот.

Тој потсети на клучната улога на САД во уривањето на ѕидот, кој ги разделуваше комунистичка Источна Германија од капиталистичкиот Запад. Тој изјави дека се уште го слуша крикот на американскиот претседател Роналд Реган кај Брандербуршката капија, барајќи да се урне ѕидот.

Поради политиките на Доналд Трамп и неговото инсистирање на изградба на ѕид на јужната граница со Мексико, германскиот претседател изрази желба за враќање на трансатлантскиот партнер од минатото.

„Оваа Америка како взаемно почитуван партнер, како партнер на демократијата и слободата, против националниот егоизам-на тоа се надевам и во иднина“ истакна Штајнмајер.

Трамп од Вашингтон испрати порака, честитка за комеморацијата, додавајќи дека САД ќе продолжат да соработуваат со Германија, која, како што рече, ја смета за еден од најредни сојузници./Makfax

Спонзорирано: