11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Нема оправдување зошто Косово не учествуваше во оваа иницијатива

Албанскиот премиер Еди Рама од самитот во Охрид порача дека Косово згрешило што не учевствува во иницијативата за регионална соработка и дека на следниот самит во Драч треба да ја поправи грешката.

„Не е идејата да го поделиме Западен Балкан, туку да ги опфатиме сите земји од Западен Балкан. Немаше пречка претседателот или премиерот на Косово да учествува во дијалогот и да се усогласи со сите останати за сите елементи. Се сеќавам дека потребно беше време претставниците на Косово да бидат прифатени на иста средба со тогашните авторитети од Србија и Босна, бидејќи ниедна од страните не сакаа да седнат на иста маса. Сега учеството на Косово не е ставено под прашање и не можеме да го разбереме сето тоа, не го гледам интересот од враќањето назад“ рече Рама.

Тој додаде дека не го променил мислењето кон Србија и Босна, поради нивното непризнавање на Косово, но, истакна дека во меѓувреме нерешавањето на ова прашање не е оправдување Приштина да биде исклучена.

„Дали граѓаните на Косово сакаат да чекаат ред на граница или да се отворат границите? Не е ова мини-шенген, бидејќи сум висок не сум се чувствувал мини или мал. Но, може да се каже Западен Балкан-шенген при што слободно ќе биде движењето во цел регион“ рече албанскиот премиер.

Спонзорирано: