13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Демонстрантите во Хонк Конг кршеа излози и билборди

Во знак на протест против вчерашното апсење на продемократски пратеници, демонстрантите во Хонг Конг денеска кршеа излози во трговски центар и билборди во метро станици, пренесуваат светските медиуми.

Во автономната кинеска територија Хонг Конг веќе шест месеци се одржуваат протести кои почнаа поради предложениот закон за екстрадиција на обвинети во Кина, а потоа се проширија со барања за поголема демократија.

Властите по денешните немири затворија метро станица во квартот Ша Тин, но досега не се извршени апсења.
Во друг инцидент, триесет демонстранти упаднаа во трговски центар во Куен Мун и кршеа излози и фрлаа маси во ресторан.

Вчера се приведени седуммина продемократски пратеници уапсени и се соочуваат со можни апсења, соопшти полицијата во Хонг Конг.

Тројца пратеници се приведени и обвинети за попречување на работата на собранието за време на состанокот на 11 мај на кој се расправаше за одложениот закон за екстрадиција. Другите биле повикани да се појават во полициски станици.
Демократските пратеници веруваат дека овој притисок од страна на Владата ќе предизвика поголемо насилство и ќе се искористи како изговор за одложување или откажување на окружните избори кои треба да се одржат на 24 ноември.

Спонзорирано: