17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп мора да плати два милиони долари

Судот во Њујорк му наложи на американскиот претседател Доналд Трамп да плати два милиони долари по тужбата дека ја злоупотребил неговата хуманитарна фондација за политички и деловни интереси.

Судијата Селијан Скарпула, исто така, го одобри договорот за затворање на фондацијата на Трамп и за поделба на преостанатите 1,7 милиони долари на други непрофитни групи.

Обвинителството во Њујорк лани поднесе тужба во која наведе дека Трамп и членови на неговото семејство нелегално ја користеле фондацијата за деловни интереси, но и за кампањата за претседателските избори во 2016 година.

Обвинителството бараше Трамп да плати 2,8 милиони долари отштета, но судијата го намали износот. Адвокатите на фондацијата за тужбата рекоа дека е политички мотивирана./Makfax

Спонзорирано: