13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија распореди хеликоптери во северна Сирија

Русија распореди воени хеликоптери за патролирање во областа близу сириската граница со Турција за да помогне во заштитата на руската воена полиција што работи на терен.

Москва ќе ги распореди своите хеликоптери долж неколку патролни рути на висина од 50-60 метри, изјави рускиот воен пилот Дмитриј Иванов.

„Летовите ќе се извршуваат секојдневно долж сите патролни рути“, рече Иванов.

Турските и руските сили заеднички патролираат во североисточна Сирија за да го надгледуваат договорот постигнат меѓу Москва и Анкара, откако Турција започна офанзива во областа пред еден месец против курдските сили кои ги смета за закана за нејзината безбедност./Makfax

Спонзорирано: