13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми

Мексикански полицаец кој учествувал во апсењето на синот на прoчуениот наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман беше убиен на паркиралиште.

Ликивидацијата била регистрирана од надзорни камери, а на снимката се гледа како во средата наутро двајца мажи со полуавтоматски пушки излегуваат од црвен автомобил и стрелаат кон бел „нисан“.

Заседата траеше помалку од 30 секунди, но за кратко време напаѓачите успеале да го погодат белиот автомобил со најмалку 150 куршуми, пренесува „Дејли мејл“.

Црвениот автомобил го следел белиот до паркинг пред трговски центар во Кулијакан, главниот град на мексиканската сојузна држава Синалоа.

Полицискиот службеник, идентификуван како Едуардо Н. (32), кој загинал во нападот, припаѓал на елитната единица на државната полиција. Според извештаите на локалните медиуми, на 17 октомври полицаецот учествувал во неуспешното апсење на Овидио Гузман Лопез, син на осудениот Ел Чапо Гузман, поранешен шеф на наркокартелот од Синалоа.

Овидио беше ослободен непосредно по апсењето, откако членовите на наркокартелот излегоа на улиците со воено оружје и предизвикаа конфликт со силите за безбедност во Кулијакан, што резултуираше со 13 мртви, па властите потклекнаа на притисокот.

Локалните власти го испитуваат инцидентот со цел да утврдат дали криминалната банда е одговорна за овој напад./Makfax

Спонзорирано: