20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг повика да се надминат разликите меѓу членките во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика сојузниците од алијансата да преземат одговорност и да ги надминат меѓусебните разлики за различни прашања бидејќи за колективната безбедност неопходно е единство.

Столтенберг подвлече дека сега многу се зборува за разликите меѓу сојузниците за прашања како трговијата, енергетиката, климата, Иран, како и за ситуацијата во североисточна Сирија.

Според него, сосема е нормално да има разлики во позициите на 29 демократски држави.

„И во минатото имавме сериозни разлики. На крајот секогаш успевавме да се обединиме околу нашата клучна задача да се браниме задно“, изјави генералниот секретар на алијансата./Makfax

Спонзорирано: