8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија испраќа конвој за помош во Донбас

Руското Министерство за вонредни состојби испрати уште еден конвој камиони да испорача хуманитарна помош во регионот на Донбас во Источна Украина, изјави портпаролот на министерството за ТАСС.

„Конвој на руското Министерство за вонредни состојби го напушти центарот за спасување ‘Донској’ и се упати кон границата“, велат од министерството.

Возилата носат околу 600 тони хуманитарен товар.

„Хуманитарниот конвој ќе достави пратка со детска храна за децата во Доњецк и Луганск“, соопшти руското министерство.

Конвојот ќе се упати кон премините Доњецк и Матјеев Курган на руско-украинската граница, каде ќе помине низ царински постапки согласно меѓународното право за хуманитарни испораки. Потоа ќе продолжи кон Доњецк и Луганск, каде што возилата ќе бидат растоварени.

Доцна денеска конвојот ќе се врати во центарот за спасување „Донској“.

Руското Министерство за вонредни ситуации им доставува хуманитарна помош на граѓаните на Донбас од август 2014 година, во која се вклучени храна, лекови и други основни производи. Севкупно, Русија веќе испорачала над 80.000 тони товар на жителите од областите погодени од конфликтот./Makfax