13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Полицијата отвори оган врз демонстрантите во Багдад, најмалку четворица загинати и 35 повредени

Најмалку четворица демонстранти загинаа, а повеќе од 35 беа повредени во центарот на Багдад кога полицијата отвори оган за да ги растури антивладините протести, соопшти полицијата.

Судирот се случил во близина на мостот Шухад.

Ирак е зафатен со протести кои се одвиваат во главниот град Багдад, како и низ повеќето негови јужни провинции. Безбедносните сили убија десетици луѓе.

Протестите се продолжение на демонстрациите организирани од економски причини на почетокот на октомври./Makfax

Спонзорирано: