17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Паднал таванот во лондонски театар, повредени неколку лица

За време на претставата во театарот „Пикадили“ во лондонскиот Вест Енд се урна покривот при што се повредени неколку лица.

Покривот се урнал неколку миниути по започнувањето на претставата на која присуствувале околу илјада луѓе кои биле евакуирани во театарот. Насекаде се слушале викотници на исплашените луѓе, а дел од посетителите излегле прекриени со остатоци од таванот. Пет лица се здобиле со полесни повреди и биле однесени во болница.

Вендел Пирс, еден од актерите во претставата „Смртта на еден продавач“, која таа вечер била на репертоарот, им се извини на посетителите. Во видеото објавено на социјалните медиуми овој американски актер се гледа како ги поканува посетителите на театарот да дојдат да ја видат претставата по вторпат.

Од театарот потврдија дека се урнал задниот дел од покривот. „Претставата веднаш беше прекината и луѓето се евакуираат од театарот“, рекоа тие, додавајќи дека ги презеле сите мерки за да ја дознаат причината за уривањето./Makfax

Спонзорирано: