11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Останува одлуката ресорот за проширување на ЕУ да го води Унгарец

Кандидатот на Унгарија за еврокомесар Оливер Варељи ќе го задржи ресорот за проширување и соседска политика, потврди Европската комисија.

Портпаролот на именуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека нема промени во распределбата на ресорите по назначувањето нови кандидати од Унгарија, Романија и Франција за составот на новата комисија.

„Кандидатот за комесар Оливер Варељи останува да го води одделот за соседство и проширување“, изјави портпаролот Ерик Мамер.

Оливер Варељи, поранешен амбасадор на Унгарија во ЕУ, го замени поранешниот унгарски министер за правда Ласло Трочањи, кој беше разрешен како кандидат за еврокомесар поради утврден судир на интереси.

Познато е дека дури и по замената на првично предложените кандидати, Франција ќе го задржи секторот за внатрешниот пазар на ЕУ, Романија ресорот за транспорт, а Унгарија ќе го добие проширувањето./Makfax

Спонзорирано: