Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Европол: Во Шпанија запленети 17 тони храна заразена со листерија

Шпанската цивилна гарда, со поддршка на „Европол“, спроведе операција поврзана со продажба на прехранбени производи погодени од бактеријата листерија, која резултирала во апсење на шест лица и приведување на уште две.

Иако одговорните биле свесни дека поголемиот број производи содржат листерија уште од минатата година, тие не ги известиле надлежните и продолжиле да ги продаваат, соопшти „Европол“.

Производите ќе бидат изгорени во Кадиз, Шпанија.

Истрагата открила дека најмалку три лица одговорни за производите знаеле дека серијата од декември 2018 година била заразена со листерија, но не ги известиле надлежните.

Оваа серија можеби е причина за неколку случаи на епидемија од листерија во Шпанија.

Официјални лица потврдиле дека месните производи од компанијата што ја истражувале биле причина за првата епидемија во Севиља минатиот август.

Се верува дека 193 лица се заразиле од листерија.

Иако компанијата која ги продавала заразените производи главно работела во Шпанија, се верува дека уште неколку луѓе биле заразени во други европски земји – четворица членови на германско семејство и британски државјанин во Франција./Makfax

Во тренд…