15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бектеши: Македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТО

Министерот за економија, Крешник Бектеши, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, вчера во Струмица се обрати на панел-дискусијата на тема „Македонската бизнис-заедница како партнер на НАТО“ во рамки на НАТО-карванот низ неколку града во државата. Тој истакна дека Северна Македонија е на чекор пред членство во НАТО, а влезот во алијансата е важно не само од политички и безбедносен аспект, туку и од економски аспект.

„Најголемиот број од македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТО и ние како држава во континуитет преземаме мерки за да им го олесниме работењето, а со тоа да можат да бидат конкурентни и со компании од поразвиени држави, имајќи предвид дека најразвиените земји членуваат во НАТО. Убеден сум дека преку мерките што ги презема Владата, а кои се создадени заедно со стопанските комори и бизнис-заедницата, македонските компании ќе бидат конкурентни на странските пазари“, истакна министерот Бектеши.

Амбасадорот Јазбец го пренесе искуството на неговата земја.

„Членството во НАТО значи зголемена сигурност, стабилност и од таа страна значи едно голема атрактивност за странски инвестиции. Со членството во НАТО земјата влегува во еден список на земји во кои е исплатливо да се инвестира. Тоа дава претпознатливост на земјите. Тоа дава една можност на компаниите да конкурираат за работа на НАТО-тендерите, на кои претходно не можеле, но тоа значи дека компаниите треба да се многу добро подготвени и да понудат квалитет и ефикасност. По правило и од искуство на државите кои влегоа во НАТО, во 2004 година од 10 до 30 проценти се зголемени странските инвестиции“, кажа тој.

На панел-дискусијата присуствуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, како и претставници на бизнис-заедницата од Струмица. Настанот е во организација на Инфоцентарот за евро-атлантски интеграции.

Спонзорирано: