Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Американски Ф-16 по грешка исфрлил лажна бомба во Јапонија

Американски борбен авион Ф-16 по грешка исфрлил лажна бомба за време на тренинг-лет во префектурата Аомори во Јапонија, рече официјалниот претставник Јошихиде Суга.

„Баравме САД да вложат максимални напори да избегнат слични инциденти“, посочи Суга, истакнувајќи дека Вашингтон бил укорен за инцидентот.

Во претходните извештаи се вели дека авионот Ф-16 ја фрлил бомбата надвор од зоната на летови за обука, но, за среќа, нема повредени.

Неколку слични инциденти со американски воени авиони стационирани во Јапонија се случија последниве години. Поточно, најмалку два хеликоптера имаа итно приземјување во станбени области на префектурата Окинава, а 10-годишен ученик се здоби со мала повреда откако прозорец од хеликоптер паднал врз локално училиште.

Во посериозен инцидент, тројца војници загинаа во брегот на Окинава, кога авион Ц2-А со 11 лица се урна во Тихиот Океан во ноември 2017 година. Еден месец претходно, хеликоптер ЦХ-53 принудно слета на приватен имот пред да експлодира.

Малите инциденти со авиони изминатите години бележат пораст во Јапонија, што предизвикува сериозна загриженост кај населението. Овие инциденти честопати се поврзани со американски авиони распоредени во Јапонија, но понекогаш ги вклучуваат и домашните сили./Makfax

Во тренд…