10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Седумнаесет загинати на границата меѓу Таџикистан и Узбекистан

Седумнаесет лица загинаа вчера кога маскирани вооружени лица отвориле оган на стражарскиот пункт на границата меѓу Таџикистан и Узбекистан, соопштија денес таџикистанските власти.

Според изјавата на Таџикистанскиот комитет за национална безбедност, 20 напаѓачи убиле граничар и полицаец, а 15 биле убиени во возвратен напад.

Во изјавата не се дадени детали за напаѓачите.

Во тек е истрага за нападот, кој се случи на 50 километри југозападно од таџикистанскиот главен град Душанбе./Makfax

Спонзорирано: