3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Русија: Приклучувањето на Македонија во НАТО ја подрива стабилноста на Европа

Процесот на проширување на НАТО, вклучувајќи го можниот влез на Македонија во Алијансата, ги подрива довербата и стабилноста на европскиот континент и доведува до се поголема конфронтација, изјави за „Спутник“ директорот на Четвртото европско одделени при Министерството за надворешни работи на Русија, Јуриј Пилипсон.

„Ставот на Русија за проширувањето на НАТО е добро познат. Овој процес сам по себе е деструктивен, ги подрива довербата и стабилноста на европскиот континент и доведува до се поголема конфронтација. Придружувањето на сите нови членки во Алијансата, вклучувајќи ја и Македонија (таа би можела да влезе во НАТО во следните неколку месеци) го разгледуваме токму од тој аспект“, објасни Пилипсон.

Дипломатот нагласи дека проблемот не е во воената закана што Македонците би можеле да ја претставуваат за Русија, туку во збирот ризици за европската безбедност која би требало да се обезбедува со потполно поинакви методи, а не со вовлекување на оваа земја во антируската политика и во военото планирање на Алијансата./Makfax