10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Тројца пожарникари загинаа во експлозија во Италија

Тројца италијански пожарникари загинаа во експлозија што одекна во зграда во регионот Пиемонт во северозападна Италија.

Пожарникарите излегле на терен откако биле известени за експлозија во објект на фарма во провинцијата Алесандрија, но потоа се случила втора, посилна експлозија, јави „Скај ТГ24“.

Италијанската агенција АНСА објави дека властите испитуваат дали експлозијата била намерно предизвикана.

Телото на еден од пожарникарите било затрупано под урнатините и е извлечено по неколку часови./Makfax

Спонзорирано: