9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девет деца од Авганистан загинаа на пат кон училиште

Девет деца загинаа при активирање на мина во Авганистан додека оделе кон училиштето.

Се работи за осум момчиња и едно девојче на возраст од седум до десет години.

Тие стапнале на поставена мина за која никој уште не презеде одговорност.

Според податоците на ОН, во минатите три месеци во Авганистан убиени се 1174 цивили, а повредени се над 3000 луѓе.

Портпаролот на провинциската влада во која се случил инцидентот, Jавад Хејри, изјави дека верува оти Талибанците ја поставиле мината.

Талибанците засега не го коментираа случајот./Makfax

Спонзорирано: