11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Сите жртви од „камионот на смртта“ се Виетнамци

Сите 39 лица кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион ладилник во Есекс, Велика Британија, се Виетнамци, соопшти британската полиција.

„Во овој момент, веруваме дека сите жртви се со виетнамска националност и ние сме во контакт со виетнамската Влада“, рече полицискиот службеник, Тим Смит.

Телата беа пронајдени минатата недела и првично се мислеше дека станува збор за кинески државјани. Но, како што рекол Смит, сега полицијата е во контакт со некои семејства во Виетнам, како и во Велика Британија.

Виетнамската амбасада во Лондон соопшти дека длабоко жали и им упати сочувство на семејствата на жртвите.

Од таму наведуваат дека жртвите сè уште треба да бидат идентификувани и потврдени од надлежните органи на Виетнам и Велика Британија.

Виетнамската полиција вчера уапси две лица под сомнеж дека се вмешани во смртта на 39 луѓе.

„Кога 10 виетнамски семејства пријавија дека нивни роднини исчезнале стравувајќи дека се меѓу 39-те жртви, регионалната полиција поведе кривична истрага под сомнеж за трговија со луѓе“, се наведува на официјалната веб-страница на полицијата./Makfax

Спонзорирано: