15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Шпиони се честеле на „Октоберфест“, владата платила 30.000 евра

Германската влада призна дека финансирала посета на странски агенти на годинешниот „Октоберфест“, во организизација на германската разузнавачка агенција.

Портпаролот на германската разузнавачка агенција БНД, сепак, денеска, одби да ја коментира посетата, во која наводно биле вклучени повеќе од 100 германски шпиони и нивни гости, а која чинела повеќе од 30.000 евра.

Агенцијата соопшти дека е нејасно дали целата сума отишла за пиво за кое се верува дека може да го одврзе јазикот.

Веста за посетата на шпионите на светски познатиот фестивал на пивото во Минхен беше откриена во одговор на владата на прашање од опозициски пратеник, а за неа прв напиша весникот „Билд ам Зонтаг“ минатиот викенд.

Левичарскиот пратеник Дитер Дем, кој побара одговорност од владата, овој настан го нарече безобразна екскурзија./Makfax

Спонзорирано: