12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Чикаго за Ноќта на вештерките, застрелано е девојче во костим на бубамара

Седумгодишно девојче во костим на бубамара е застрелано додека собирало слатки низ куќите во Чикаго за Ноќта на вештерките, соопшти полицијата.

Девојчето било погодено во горниот дел од вратот и се наоѓа во критична состојба, пренесоа агенциите и додаваат дека со прострелна рана во левата рака се здобил и 30-годишен маж кој е префрлен во наблиската болница.

Како што се наведува, пукањето се случило на почетокот на вечерта, додека девојчето одело со членовите на своето семејство и други учесници на традиционалниото добивање слатки.

Полицијата смета девојчето било случајна жртва, бидејќи била забележана група кој бркала маж и се слушале пукотници./Makfax

Спонзорирано: