11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Објавен документ за Путин: „Другарот беше дисциплиниран шпион“

Документи на КГБ објавени во Русија го опишуваат актуелниот руски претседател Владимир Путин на почетокот на неговата кариера како совесен и дисциплиниран шпион.

„Другарот Путин (…) постојано го подига своето идеолошко, политичко и професионално ниво“, се вели во документот кој неодамна стигнал до руските медиуми, инаку напишан кога разузнавачот кој стана политичар имал дваесетина години, пренесува хрватски „Индекс“.

Сега 67-годишниот Путин, до средината на седумдесетите работел за тајната советска служба и бил испратен во Дрезден, тогашна Источна Германија, од 1985 до 1990 година, во време кога опаѓала моќта на Советскиот Сојуз.

Во Кремљ, Путин се опкружил со многу поранешни службеници на тајната служба, а ФСБ, наследник на КГБ, остана моќна агенција.

Профилот на Путин од КГБ е дел од изложбата во Централниот архив за историски и политички документи во Санкт Петербург каде можат да се видат и други декласифицирани документи.

Претпоставените од тајната служба му честитале на младиот Путин и за добро организираната работа и резултатите, се вели во документот.

Путин, кој е на власт во Русија веќе две децении како претседател или премиер, во 2016 година откри дека од сентиментални причини ја чува двојата членска книшка од Комунистичката партија на СССР./Makfax

Спонзорирано: