18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Кози ја спасиле од пожар библиотеката на Роналд Реган

Гладно стадо од 500 кози помогна да се спаси претседателската библиотека на Роналд Реган, недалеку од Лос Анџелес, од пожарите што ја зафатија Калифорнија.

Во мај, библиотеката од претпазливост ангажирaла кози за да ги расчистат запаливите грмушки околу комплексот. Козите ги изеле, создавајќи простор што го забавил ширењето на огнот и им овозможил на пожарникарите повеќе време за да го изгаснат.

Библиотеката недалеку од Лос Анџелес била под закана од пожарот „Изи“, најновиот во низата пожари поради кои ширум Калифорнија беа наредени евакуации и имаше прекини во електричната енергија.

Акцијата на козите помогнала да се зачувуваат изложените експонати, како што се претседателскиот авион „Ер форс 1“ и дел од Берлинскиот ѕид.

„Еден пожарникар ни рече дека веруваат оти просторот кој го расчистиле козите им ја олеснил работата“, рече портпаролката на библиотеката, Мелиса Гилер.

Козите биле ангажирани преку компанијата „805 гоутс“ за да го расчистат просторот од 52.600 квадратни метри.

Американецот Скот Морис ја отворил компанијата минатиот ноември и наплаќа околу 1.000 долари за 4.000 квадратни метри./Makfax

Спонзорирано: