10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец ограбувал автомобили низ Охрид

Четириесет и седумгодишен скопјанец и уште две засега непознати лица се осомничени дека во изминатите месеци ограбувале автомобили низ Охрид.

Според информациите на МВР, Н.Д.(47) од Скопје, заедно со уште две лица, во периодот од јуни до октомври оваа година, на паркинг простор на повеќе локации во Охрид, населби и плажи, со подесен предмет ги кршеле предните стакла од возилата и одземале вредни предмети, лични документи и пари. Со тоа, се стекнале со противправна имотна корист од околу 510.000 денари.

Против Н.Д. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“./Makfax

Спонзорирано: