23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бугарија се исплаши од руските системи: да се забрани транспортот на „С-400“ до Србија!

Русија може повторно да ги префрли во Србија своите противракетни системи „С-400“, а Белград веќе излезе со соопштение дека слични воени вежби може да станат рутина, смета воениот претставник на Бугарија во НАТО и член на управата на Атлантскиот совет, Сиби Сибев, пренесува „Спутник“.

Ако Србија одговори позитивно на желбата на Русија да инсталира противвоздушна база на српска територија, ќе се создаде зона на попречување на пристапот до воздушниот простор во опсег од 400 км и тоа веќе ќе биде проблем не само за Бугарија туку и за НАТО, смета тој

„Ако во Бугарија се појави информација дека Русија транспортира таков систем со цел да напраи траква база, Софија ќе има потполно право да ги забрани летовите над Бугарија“, изјави Сибев.

Тој нагласи дека Србија има целосно право на модернизација на своуте вооружени сили со руско вооружување, но таквата можност предизвикува загриженост.

„Како што Бугарија, Романија и Хрватска имаат програми за модернизација на авионите ‘Ф-16’ и тоа е нивно суверено право, така и Србија го има истото право. Но, прашањето е чувствително бидејќи систе соседни држави не располагаат со таков комплекс („С-400“) и ако Србија има амбиции да го контролира воздушниот простор во опсег од 400 км, тоа навистина треба да предизвика загриженост и бара објаснување од српска страна.

Од друга страна, ако Русија навистина постигне спогодба со Србија за распоредување руска противвоздушна одбрана на своја територија, тогаш прашањето станува многу коплексно и треба со сите средства да се спречи реализацијара на таквиот проект“, нагласи Сибев.

Претходно, поранешната амбасадорка на Бугарија во САД и членка на одборот на Атлантскиот совет на Бугарија, Елена Поптодорова, изјави дека Ниш очигледно е руска воена база во Србија, а поранешниот бугарски шеф на дипломатијата, Соломон Паси, ја повика Европската комисија да обрати внимание на руската активност во Србија.

„Ниш е очигледно руска воена база во Србија, која ја нарекуваат центар или институција. Ако таму стават ‘С-400’, нивното дејство ќе ја покрива и Бугарија и целиот регион на Западен Балкан“, оцени Поптодорова.

И од Атлантскиот центар на Бугарија, со кој претседава Паси, изразија загриженост поради транспортот на „С-400“ во Србија зашто присуството на такви системи во срцето на Балканот би формирало зона во која НАТО тешко би влегол во случај на криза.

„Значаен дел од воздушниот простор над западна Бугарија, вклучувајќи ја и Софија, ќе се најде во дострел на тие ракети. Тоа е спротивно на интересите на нашата земја, која е НАТО-сојузник“, се вели во сопштението на организацијата на „Фејсбук“./Makfax

Спонзорирано: