5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Америка потера по педофил кој силувал дете, го пуштиле од затвор по грешка

Во американската сојузна држава Џорџија се гони педофил осуден за силување на дете.

Тој бил осуден на доживотен затвор, а минатата недела по грешка ослободен, јави „Фокс њуз“, повикувајќи се на соопштение за медиумите од затворот во Џорџија.

Тони Мејкон Муњоз Мендез (31) бил ослободен по грешка од државниот затвор „Роџерс“ во руралниот округ Татнал.

Сепак, не се пренесуваат повеќе детали за тоа за каква грешка станува збор.

Тоа се случило околу 11:30 часот во петокот, соопштиле од затворот.

„Ги користиме сите наши ресурси за брзо фаќање на престапникот“, додале од таму.

Муњоз Мендез бил во затвор од 2015 година, откако бил осуден за силување и сериозно малтретирање на девојче под 10 години во округот Гвинет, пренесе „Фокс њуз“./Makfax

Спонзорирано: