11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Вучиќ: Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се гушка

На јутјуб-каналот на црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, објавено е видео пред средбата на лидерите од регионот, а на кое се гледа опуштена атмосфера и меѓусебни шеги.

Една од тие шеги e насочена кон косовскиот претседател Хашим Тачи, кој со колегите од регионот се поздравувал на српски јазик.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на сметка на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, и на Тачи, се пошегува за нивното поздравување.

„Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се прегрнува“, рече Вучиќ додека сите се смеат.

Вучиќ коментира смеејќи се: „Види како се прави дека не разбира српски, а зборува српски како…“

Синоќа во Брисел беше одржана работна вечера, организирана од Могерини со лидерите од Западен Балкан, која воедно беше и нејзина проштална вечера./Makfax

Спонзорирано: