11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Хрватска го произведува најдобриот пиштол во светот

Во Хрватска, поточно во Карловац, се произведува најдобриот пиштол во светот. Се вика „хелкет“ и тежи само половина килограм, има 11 куршуми и чини 569 долари. Експертите го нарекоа најдобро оружје за прикриено носење и за самоодбрана. Пиштолот веќе стана хит во Америка, каде што неодамна беше претставен.

Според хрватските медиуми, на Американците им се допаднале неговата прецизност и прифатливата цена од 569 долари, како и капацитетот до 11 куршуми, уникатен за пиштол со толку мала големина.

Од идејата до крајниот производ, т.е. сите фази на „хелкет“ потекнуваат во Карловац, во просториите на „ХС продукт“, каде што се произведуваат некои од најценетите оружја на светскиот пазар веќе повеќе од 20 години. Во моментот „ХС продукт“ вработува 1.600 луѓе, што ја прави најголема производствена компанија во Хрватска./Makfax

Спонзорирано: