9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гладни тигри со денови чекаат во кафези за да влезат во Полска

Зоолошката градина во западна Полска се обидува да спаси девет тигри од Италија кои со денови биле заглавени во мали кафези во камион на границата со Белорусија.

Пријавено е дека еден тигар од таа група веќе починал.

Белоруските власти одбиваат да дозволат пренесување на тигрите бидејќи тие велат дека надзорниците во Италија немаат визи или потребна ветеринарна документација за животните.

Пратката со тигрите тргнала од Рим на 22 октомври за Русија, но настанал застој на границата меѓу Полска и Белорусија.

Официјалните лица велат дека е тешко да се обезбеди доволно храна и вода за тигрите во кафезите во камионот во кој се наоѓаат.

Властите во Познањ привремено дозволија зоолошката градина во тој град да се грижи за животните пред да стигнат до нивната дестинација./Makfax

Спонзорирано: