5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Военото куче кое беше рането во потрагата по Багдади е повторно на должност

Американското куче кое беше рането додека трагаше по лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, повторно е на должност. Генерал Марк Мили изјавил дека кучето има огромна заслуга за пронаоѓањето на Ал-Багдади во тунелот под неговото засолниште.

Мили рекол дека кучето е полесно повредено, но дека засега се опоравува и дека се вратило на должност.

Кога американските воени сили тргнаа по Ал-Багдади, ноќта во саботата. Тој активирал експлозив, со кој се убил себеси и своите три деца и го ранил американското воено куче. Воени претставници рекле дека деталите за кучето се тајни, вклучително и името и расата, но претседателот Доналд Трамп објави фотографија од кучето, од расата белгиски овчар (малино).

Трамп на Твитер напиша дека кучето со тим специјалци учествувало во потрагата по Ал-Багдади во тунелот, кој бил ископан во североисточна Сирија.

„Ја отстранивме ознаката тајно за фотографијата од прекрасното куче, кој заврши одлична работа во фаќањето и убиството на лидерот на Исламска држава“ напиша Трамп.

Американската војска обично користи белгиски малино овчари да ги водат и штитат трупите во потрага по непријателски сили и експлозиви. Расата е призната во војската поради својата интелигенција и способност да биде агресивен на команда, рекол претседателот на здружението на воени кучиња на САД, Рон Ањело./Makfax

Спонзорирано: