11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес ги погоди Филипините, најмалку една жртва

Најмалку едно лице настрада, а над 40 се повредени во силен земјотрес што утрово ги погоди Филипините.

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер го погоди островот Минданао, на југот на Филипините.

Канцеларијата за цивилна заштита соопшти дека 66-годишен маж починал, а над 40 лица се повредиле додека бегале од домовите, кога бил почувствуван потресот.

Филипините, претходно месецов ги погоди земјотрес во кој загинаа пет лица и предизвикана беше голема материјална штета./Makfax

Спонзорирано: