11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Леонардо да Винчи пет века потоа – „Лувр“ во Париз ја отвори долгоочекуваната изложба

Беше потребно повеќе од една деценија за подготовка и за малку ќе беше спречена поради дипломатски спор. Но, сега, една од најскапите светски уметнички изложби за одбележување на 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи, конечно, е отворена за јавноста.

Музејот „Лувр“ во Париз, домот на Мона Лиза, ги отвори своите врати за изложба на повеќе од 160 слики и цртежи од времето на ренесансата, некои од нив позајмени од кралицата Елизабета Втора, Бил и Мелинда Гејтс.

Изложбата, која се очекува да привлече повеќе од половина милион посетители во текот на следните четири месеци, има цел да обезбеди подлабоко разбирање на методите на работа на уметникот користејќи ги неговите тетратки, технологија за инфрацрвени слики и виртуелна реалност.

Леонардо да Винчи бил инженер, дизајнер, научник и уметник, кој бил фасциниран од човечката форма и однесувањето на животните и растенијата.

Од растот на дрвјата до движењето на птиците, тој бил опседнат со летот и дизајнирал машина за летање врз основа на крилјата на лилјак. Леонардо ги проучувал комплексностите и ги документирал со цртежи./Makfax

Спонзорирано: