12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Тетовец правел скара и предизвикал пожар во Лисец

Тетовец запалил оган за скара и предизвикал пожар, кој зафатил сува трева во село Лисец, Тетовско.

Според информациите на МВР, вчера во 13.15 часот, кај место наречено Голгота во село Лисец, Тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го привеле Ф. Н. (44) од Тетово.

Околу 12 часот, на наведеното место, тој запалил оган за скара, кој се проширил, зафаќајќи површина на сува трева. По целосно документирање на случајот, велат од МВР, против него ќе биде поднесна соодветна пријава./Makfax

Спонзорирано: