18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Москва не верува во американската објава за убиството на Багдади

Руското Министерство за одбрана изрази скептицизам кон објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, е убиен во американски воздушен напад во Сирија.

Министерството преку соопштение наведува дека во саботата не биле регистрирани никакви воздушни удари во зоната на Идлиб, каде што, според американските објави, се случила операцијата.

Трамп изјави дека американски воени хеликоптери ја надлетувале територијата под контрола на руски и сириски сили пред да слетаат во објектот во кој се криел Багдади.

Во руското соопштение се наведува дека Министерството не е запознаено со каква било наводна помош за надлетување американски летала во воздушниот простор од зоната за деескалација во Идлиб за време на таа операција.

Руското Министерство исто така сугерира дека е малку веројатно Багдади да бил присутен на таа територија бидејќи таа е под контрола на сириските владини сили или на локалниот разгранок на Ал каеда, кој е конкуренција на Исламската држава./Makfax

Спонзорирано: