9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Ликвидиран и Абу ал-Хасан ал-Мухаџир, десната рака на Багдади

Курдската милиција во Сирија, Единицата за народна заштита, објави дека е убиен и портпаролот на Исламската држава во заедничка акција со американските и силите предводени од Курдите на северот од Сирија.

Како што се наведува, убиен е Абу ал-Хасан ал-Мухаџир за кого се вели дека му бил десна рака на лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Сириските демократски сили соопштија дека целта ја гаѓале во близина на сириското погранично место Џараблус врз основа на разузнавачки податоци на СДФ и американската војска.

Командантот на СДФ, Мазлум Абди, рекол дека се работи за продолжување на претходната операција, во која беше убиен лидерот на Исламската држава.

Абди, портпаролот Музхаџор, го нарече десна рака на Багдади./Makfax

Спонзорирано: