11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот парламент ќе одлучува за распишување на вонредни избори

Британскиот парламент денеска треба да се изјасни за предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување на вонредни избори.Во пресрет на гласањето, според анкетата на „Опиниум“, Конзервативната партија на Џонсон има предност од 16 бодови пред опозициската Лабуристичка партија.

Од претходната анкета спроведена пред осум дена поддршката за ториевците се зголеми за три бода, на 40 проценти, додека лабуристите останаа на 24 проценти.Проевропската Либерално-демократска партија падна за еден процент на 15 проценти, додека партијата Брегзит на Најџел Фараж на 10 проценти.

Џонсон, кого членовите на партијата го избраа во јули за да го деблокира застојотоколу брегзит, предложи одржување на избори на 12 декември, откако парламентот не го поддржа договорот за Брегзит кој го постигна со Брисел.

Пратениците денеска ќе гласаат за тоа дали ќе има предвремени избори, но повеќето опозициски партии посочија дека ќе се воздржат или гласаат против овој потег, што значи дека Џонсон веројатно нема да добие поддршка од две третини од пратениците кои му се потребни.Редовните избори во Британија треба да се одржат во 2022 година.

Две британски опозициски партии, Шкотската национална партија и Либералните демократи побараа изборите да се одржат на 9 декември, три дена порано од предлогот на премиерот Борис Џонсон./Makfax

Спонзорирано: